Филип Бакоч им се приклучи на сениорите

369

Машката кошаркарска репрезентација од денеска е посилна за Филип Бакоч кој се приклучи на тренинзите. Како што е познато, во тек се подготовките за настап во претквалификациите за Мундобаскетот во 2023 година.

„Сакам да имаме уште посилен интензитет во оваа фаза од подготовките. И да имаме играч повеќе, особено во оваа уводна фаза од подготовките. Затоа одлучив дополнително да го повикам Филип Бакоч, кој треба да помага на оние крилни позиции во тимот, каде го очекуваме доаѓањето на Џејкоб Вајли. Засега се оди според планот, играчите одлично ги прифатија сите принципи на работа на стручниот тим. Јас сум презадоволен од нивниот однос кон тренинзите. Во Маврово ќе работиме уште два дена, во среда се симнуваме во Скопје“– коментира кратко селекторот Драган Бајиќ.

 

Претходно„Гранде“ Пандев ќе игра уште една година
СледноМарк Геи потпиша за Кристал Палас