Шкендија против Фолгоре/Хибернијанс за влез во плеј-оф во КЛ, Шкупи против Олимпија/Биркикара!

661

Познати се ривалите на Шкендија и Шкупи во 3.квалификациско коло во Конференциската лига. Шкендија, која се наоѓаше во шампионскиот пат, има одлична ждрепка. Имено ако тетовци ја минат Рига во 2.квалифиикациско коло, тогаш во следната рунда, односно во битка за плеј -офот во ова натпреварување ќе бие битка против подобриот од двомечот меѓу Фолгоре (Сан Марино) и Хибернијанс (Малта).

Шкупи пак, ако ја мине Санта Клара од Португалија во 2.кваликациско коло во КЛ, во третата фаза, односно во битка за плеј-офот во ова натпреварување ќе ги одмери силите со подобриот од двомечот меѓу Олимпија Љубљана и Биркирка (Малта).

Значи ова се можните ривали на македонските претставници во 3.коло во Конференциската лига. Мечевите од ова 3.коло се закажани за 5 и 12 август.

ПретходноМарк Геи потпиша за Кристал Палас
СледноБеласица се пофали со три нови имиња