Охрид потпиша ново засилување пред стартот на новата сезона.
Српскиот ракометар Алекса Милошевиќ нов член на клубот. Десниот бек во Охрид доаѓа од Црвена Звезда каде ги помина последните шест месеци.
Вчера охриѓани го официјализаа Шилегов, а ги продолжија договорите со Крсте Андоновски, Јагош Брауновиќ, Мартин Манасков, Филип Николов, Иван Тасески и Филип Кривокапиќ.