Актуелниот македонски репрезентативец, Тихомир Костадинов се наоѓа пред трансфер во Слован Братислава. Преговорите веќе се отпочнати и набргу се би требало да се знае околу овој можен трансфер.
Инаку Костадинов, кој беше учесник и на ЕУРО 2020 во дресот на нашата најдобра фудбалска репрезентација, веќе четири години е член на Ружомберок, се разбира одличните настапи во тимот, но и играњето во репрезентацијата доведоа до тоа да биде посакуван и од Слован Братислава. Значи тој нема да ја менува земјата, Словачка, туку само клубот.
Инаку Костадинов (26 години) досега има играно и за екипите на Тетекс, Моравац, Бањска Бистрица, Злате Моравце.