Ливерпул конечно се реши од Марко Грујиќ, напаѓачот е нов играч на Порто

466

По цели пет години минати под договор со тимот на Ливерпул, за кој Марко Грујиќ oдигра само 16 официјални мечеви, србинот од денеска повеќе не е дел од овој клуб.

Продаден е во Порто, за 12 милиони евра, клубот каде што ја мина изминатата сезона како позајмен фудбалер.

Грујиќ никогаш не ги исполни очекувањата на управата на Ливерпул која своевремено го купи од Црвена Звезда и го испрати на неколку позајмици. Секој преоден рок, Грујиќ заминуваше некаде, а сега замина за стално.

Ливерпул ќе има некаков процент и од следниот трансфер на Грујиќ.

 

ПретходноДимитар Димитриоски потпиша за Еурофарм Пелистер 2
СледноВАР на Арената во Скопје во квалификациите за СП во Катар 2022!