ЛШ квалификации: Адеми и Ристовски се поблиску до 3. коло

341

Динамо Загреб за кој играат Аријан Адеми и Стефан Ристовски, е блиску да обезбеди пласман во 3. квалификациско коло од Лигата на шампионите, откако вечерва на „Максимир“ ја совладаа Омонија во првиот натпревар од „најелитното“ натпреварување.

Динамо ја „сруши“ Омонија во вториот дел, односно во 65. минута Мајер ги постигна првиот гол, а потоа Јакиќ за 2:0. Адеми мораше да го напушти теренот во 40. минута поради повреда, додека Ристовски го одигра целиот меч.

Претходно Шериф на гости го совлада Алашкерт со 0:1, а Клуж го победи Линколн со 1:2 на гости. Ференцварош со 2:0 го совлада Жалгирис.

ПретходноМилан планира уште пет нови играчи
СледноПолицијата го уапси исчезнатиот олимпиец од Уганда