Младинците против Луксембург на стартот на ФИБА „Челенџер“ турнирот

214

Нашата машка селекција „Под 20“ години од денеска до 25.јули ќе учествува на ФИБА „Челенџер“ турнирот кој се одржува во Шопрон, Унгарија.

Избраниците на Тони Синиќ се најдоа во група Д заедно со Романија, Швајцарија и Луксембург. Прв противник е селекцијата на Луксембруг, мечот се игра денеска со почеток во 16:30 часот.

Младинците пристигнаа во текот на вчерашниот ден, одбработија еден тренинг пред стартот на овој европски предизвик.

„Пред нас се три натпревари, во зависност од пласманот во групата, извесно е дека ќе имаме уште еден или два“, коментираше предводникот на репрезентација до 20 години.

ПретходноОптимизмот се враќа во таборот на Вуков
СледноПознат е идентитетот на фудбалерот на Евертон кој е упасен поради педофијлија