Утринава англиските медиуми беа преплавени со шокатна вест. Член на Евертон во петокот е уапсен поради сомнение за педофилија.
Иако засега не се открива целосно неговото име, сепак медиумите во оваа земја објавија дека станува збор за 31-годишен фудбалер кој игра за првиот тим на Евертон и кој редовно игра за својата репрезентација.
Најновите информации велат дека станува збор за репрезентативецот на Исланд, Гилфи Сигурдсон, кој веќе ги избришал своите профили од социјалните мрежи, а истото го сторила и неговата сопруга.
Од клубот само потврдија дека еден нивни член е уапсен и веднаш суспенциран, нема да излезат со нови информации се додека трае истрагата.