Откако тимот на Тинекс Пролет го дозна противникот за Европските предизвици, шефот на стручниот штаб Андон Бошковски изјави дека Гранолјерс ќе ја има фаворитската улога, но во исто време станува збор за ривал што максимално ќе биде почитуван, но не и преценет во двете меѓусебни пресметки.
„Добивме исклучително атрактивен противник, свесни сме за реномето на Гранолјерс, тим што меѓу другото ја има и најдобрата младинска школа во Шпанија долги години наназад. Ако кажам дека Гранолјерс е фаворит, нема да згрешам, но нема да згрешам и доколку кажам дека не смееме да го пренециме противникот и дека не сме без шанси“ – вели Бошковски па додава.
„Од она што го дознав веднаш по ждрепката, тренерот потпишал нов договор, додека капитенот си заминал од клубот заедно со уште неколку ракометари. Дополнително ќе ги дознаеме сите информации и ќе се подготвиме, наша цел дефинитивно е квалитетно да ги одиграме двата натпревари и доколку ни се укаже шанса, да оствариме добар резултат“, изјави Бошковски.