Како што ивестува српскиот “Спортклуб“ во продолжение од квалификациите за СП во Катар 2022 година сите натпревари ќе мора да се играат и под ВАР системот. Имено УЕФА под итно ќе воведе видео – технологија од септември
се по она што се случи на мечот во Белград меѓу Србија и Португалија кога чист гол на Роналдо не беше признат.
УЕФА ова го прави на барање на ФИФА.
Тоа значи дека и кај нас, на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, во септемврските квалификациски мечеви ќе има ВАР. И тоа почнувајќи од мечот со Ерменија на 2 септември. Три дена подоцна играме со Исланд на гости, а на 8 септември домаќини сме и на Романија.
Досега во Македонија, и тоа во Скопје ВАР се користеше на бараж мечот со Косово за пласман на ЕУРО 2020.