Димитар Димитриоски потпиша за Еурофарм Пелистер 2

277

Македонскиот репрезентативец Димитар Димитриоски е нов член на Еурофарм Пелистер 2. Овој ракометар се обврза на договор на една сезона и веднаш ќе се приклучи на подготовките со своите нови соиграчи и стручниот штаб на чело со Александар Јовиќ.

Димитриоски доаѓа во Битола од Вардар 1961, клуб со кој минатата сезона ја освои Суперлигата и Купот на Македонија. Во новата средина Димитриоски ќе ја смени и својата улога и ќе игра на позиција среден бек. 23-годишниот прилепчанец повеќе од пет години ги бранеше боите на клубот од Автокоманда.

Прво настапуваше за Металург Јуниор, а три сезони беше дел од првиот тим на Металург, настапувајќи во Лигата на шампионите и СЕХА лигата. Клубот ќе го претстави Димитар Димитриоски во текот на неделата со церемонија во клупските простории.

ПретходноГлигор Дончев новитет во тимот на Охрид
СледноЛиверпул конечно се реши од Марко Грујиќ, напаѓачот е нов играч на Порто