Екс играч на Барса: Роналдо лично ми се јави и ми рече да одам со него во Јувентус

1039

Хрватскиот фудбалер и поранешен член на Барселона, Иван Ракитиќ, откри дека Кристијано Роналдо му се јавил и го повикал да оди со него во Јувентус.

Ракитиќ вели дека ова се случило во 2019 година, кога Роналдо се реши да се пресели во Јувентус. Година подоцна Хрватот се врати во Севиља.

„Роналдо тоа лето лично ми се јави и ми рече да одам со него во Јувентус. Рече дека клубот ме сака, но операцијата не е завршена затоа што Барселона бараше 50 милиони евра, и тоа беш прескапо“, рече Ракитиќ.

ПретходноЛошо: Адеми се повреди, мораше предвреме да излезе
СледноМилан планира уште пет нови играчи