Аријан Адеми беше стартер за Динамо Загреб вечерва во дуелот со Омонија, во 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите. Но повторно малер за македонскиот репрезентативец.
Адеми е играч кој не знае да се штеди, па така по еден дуел да одземе топка од противник, доби удар во предна ложа.
Веднаш легна, и беше заменет во 40. минута од средбата. Утре ќе има дополнителни анализи кои ќе покажат дали и колку Адеми ќе паузира.