Македонската кошаркарска надеж, Маета Николиќ врти нова страница во својата кариера. Репрезентативка заминува за САД, каде ќе настапува во НЦАА-лигата во дресот на Универзитетот Канзас. Станува збор за колеџ е формиран во 1930 година, а во НЦАА за првпат настапувал во 1968 година.
Николиќ која настапуваше на ФИБА „Челенџерот“ во Скопје, во САД заминува после две години минати во дресот на Стела Аѕура.
Тренерот на Канзас Џејхоукс, Брендон Шнајдер ја најави како кошаркарка со голем потенцијал.
„Матеа е универзално крило со фантастични предиспозиции и сила. Нејзините офанзивни карактеристики ја прават исклучително тешка за чување, таа има потенцијал да ја крене надворешната линија на повисоко ниво“.