Нашата машка селекција „Под 20“ години од денеска до 25.јули ќе учествува на ФИБА „Челенџер“ турнирот кој се одржува во Шопрон, Унгарија.
Избраниците на Тони Синиќ се најдоа во група Д заедно со Романија, Швајцарија и Луксембург. Прв противник е селекцијата на Луксембруг, мечот се игра денеска со почеток во 16:30 часот.
Младинците пристигнаа во текот на вчерашниот ден, одбработија еден тренинг пред стартот на овој европски предизвик.
„Пред нас се три натпревари, во зависност од пласманот во групата, извесно е дека ќе имаме уште еден или два“, коментираше предводникот на репрезентација до 20 години.