Па, зарем е можно. Имено на само три дена пред официјалниот старт на ОИ во Токио, од Јапонија доаѓаат вознемирувачки вести. Имено игрите би можеле да бидат откажани. Ова наголемо се коментира откако драматично порасна бројката на позтивни од Ковид-19 во самата Јапонија, но и меѓу спортистите во олимпиското село.
Ваква можност во својата изјава наговести и Тоширо Мута, шефот на Организацискиот одбор на Токио 2020.
Тој уверуваше дека е рано за таква одлука, но и дека од час во час се следат бројките на позитивни и дека ако тие и натаму имаат тренд на растење ќе се донесат одлуки адекватни на настанатата ситуација.
Се разбира дека откажувањето на ОИ ќе биде рамно на катастрофа, посебно ако се знае дека истите требаше да се одржат минатото лето, но и дека поголем дел од спортистите се веќе во Токио.