Официјално: Општина Битола со помош од 2 милиони денари за Пелистер!

539

На денешната седница на Советот на Општина Битола, изгласана е одлука со која му се помага на ФК Пелистер со 2 милиони денари. Она што беше ветено, се чини дека е и направено.

Но далеку од тоа дека има простор за еуфорија во клубот и меѓу фановите во Битола.

Имено тие нешто повеќе од 30.000 евра ќе бидат дадени за тужбата на Мартин Ковачев, со што и дефинитивно сега ќе може клубот да прави трансфери.

Значи ситуацијата во ФК Пелистер и натаму е сложена, нема пари за засилувања.

ПретходноИзвршниот директор на Милан има рак на грлото!
СледноМладите кошаркари тргнаа со победа, убедлив триумф против Луксембург!