Заедничка фотографија потпишана од сите репрезентативци кои учествуваа на ЕУРО 2020, се продава на аукција се со цел да се соберат што повеќе парични средства за лекување на малиот Јаков. Почетната цена е 1.000 евра. Јаков има потреба од итно лекување во странство, па затоа секое евро е добредојдено.
Инаку ова е втора аукција, на првата немало заинтересираност за купување на фотографијата со потписи од нашите репрезентативци.
Да се надеваме дека на втората аукција, фотографијата ќе се продаде за 1.000 евра што за некого навистина се симболични.