Пронајден е Јулиус Секитолеко, кревачот на тегови од Уганда кој требаше да се натпреварува на Олимписките игри во Токио. Тој исчезна пред неколку дена.
Секитолеко избегал во петок, откако дознал дека нема да се натпреварува на Игрите, иако во Јапонија стигна со репрезенатцијата на Уганда уште во јуни.
„Сите мои работи дајте ги на сопругата. Сакам да останам во Јапонија, и не сакам да се вратам во Уганда“, напиша 20-годишниот спортист од Уганда.
Во понеделник го лоцирале на железничката станица во Нагоја, а денеска го фатиле 40 километри подалеку во градот Јокаичију. Во околината на тој град живеат 150 жители на Уганда.