Пролет ќе игра против шпански Гранолјерс во 1. квалификациско коло од Лигата на Европа. Станува збор за тим кој минатата сезона заврши на четвртото место во домашниот шампионат.
Вардар имаше најмногу среќа и ја доби Приштина за ривал и со тоа неговите шанси за пласман во второто коло значително пораснаа. Металург за противник ја има екипата на Дуделанж од Луксембург, па и нивните шанси за пласман во следната рунда се одлични. Чаир ќе игра со екипа од Ф. Острови. Х71.
Далечното и скапо патување е поголемиот проблем отколку квалитетот на противникот. Деспина не може да се пофали дека имаше среќа. Тие ќе играат со шведскиот тим Скара и ќе бидат во улога на аутсајдери.