Сениорките се враќаат во квалификациите, наскоро познати ривалите во квалификациите

154

Женската сениорска репрезентација на Македонија ќе биде вклучена во идниот циклус од квалификациите, оние кои водат на пласман на Евробаскетот во 2023 година.

Но претходно, нашиот најдобар женски национален тим ќе треба да ги дознае и имињата на ривалите со кои ќе се натпреварува во наредните двегодишен квалификациски циклус кој опфаќа неколку „прозорци“ на ФИБА.

А Светската кошаркарска федерација, поточно европскиот дел, ги објави и основите детали од претстојната ждрепка на квалификациските групи, кои статуваат пред крајот на ноември, 2021 година.

Ќе се одржи на 20. август, од 11.15 часот, во  хотелот „Мериот“ во Фрејзинг.

На истиот собир, во местото блиску до Минхен, ќе биде реализирана и ждрепката на групите за претквалификациите за Евробаскетот 2025 година.

 

 

ПретходноЏиџи Буфон нема намера да застане
СледноЛ‘Екип: Барселона предлага размена Гризман – Дибала