Сите играчи во Серија А и Пандев, Нестор, Елмас, Николов… мора да бидат вакцинирани!

638

Во пресрет на новата сезона во Серија А, донесена е важна одлука на раководството на една од најсилните лиги во светот. Имено сите професинални играчи кои во следната сезона ќе играат во Серија А и Серија Б ќе мора да бидат вакцинирани. Се напоменува дека голем дел од нив добиле само една вакцина, некои од нив примиле и две, но се бара од клубовите да достават докази дека нивните играчи непосредно пред стартот на сезона имаат добиено по две вакцини против коронавирусот.

Ова значи дека и нашите интернационалци кои следната сезона ќе играат во Серија А ќе мора да добијат по две вакцини, ако веќе не добиле досега.

Горан Пандев се очекува набргу да потпише нов, едногодишен договор со Џенова, Елиф Елмас и Илија Несторовски и во следната сезона ќе го носат дресот на Наполи и Удинезе, а во секој момент се очекува и Бобан Николов да стави потпис на повратникот во елитната италијанска лига, тимот на Салернитана.

Тие играчи кои не примиле две дози вакцини, ќе немаат право да настапат за своите клубови. Краен рок е 20 август.

ПретходноКостадинов пред трансфер во Слован Братислава!
СледноПознато е против кого и кога Џошуа ќе го брани насловот светски првак!