Тинте Игњатов: Ех, кога јас бев капитен на Работнички!

1599

Фудбалерите и стручниот штаб на Работнички веќе неколку дена се на подготовки во Охрид. Во време на кусите паузи од тренинзите, вчера помошниот тренер Стојан Игњатов Тинте евоцираше спомени од времето кога тој играше и беше капитен на “романтичарите“ пред 15 години. Кога Работнички едноставно немаше никаква конкуренција во Македонија. Тинте зборуваше а тренерот Александар Влахо и вториот помошник Баже Јанакиевски со внимание го слушаа.

Инаку утре Работнички со почеток од 17 часот во Охрид ќе одигра уште една пријателска средба, и тоа против Ренова која ова лето на тест – мечевите игра навистина квалитетно.

Познато е дека во моментов во Работнички има двајца Африканци на проба, од кој едниот е брат на Дембо Дарбо. И двајцата утре ќе добијат шанса против Ренова, ако се покажат во вистинско светло тогаш би можеле да потшишат договори со клубот од Градски парк.

ПретходноПознато е против кого и кога Џошуа ќе го брани насловот светски првак!
СледноЛошо: Адеми се повреди, мораше предвреме да излезе