Лоши вести од таборот на Милан. Имено на извршниот директор на еден од најголемите клубови во светот, Иван Газидис му е дијагностициран канцер.Од клубот потврдија дека тој има рак на грлото и тоа преку официјално соопштение.
„Се разира дека никогаш не постојат добри моменти за дијагноза на карцином. Мене ќе ме следи медицински тим на на високо ниво, ја имам поддршката од моите најблиски и од сите во клубот. Уверен сум, по првите медицински консултации, дека туморот успешно ќе се лекува до целосно закрепнување“ изјави покрај другото самиот Газидис за клупската интернет страница на Милан.
ФОТО: AC MILAN