Костадинов пред трансфер во Слован Братислава!

884

Актуелниот македонски репрезентативец, Тихомир Костадинов се наоѓа пред трансфер во Слован Братислава. Преговорите веќе се отпочнати и набргу се би требало да се знае околу овој можен трансфер.

Инаку Костадинов, кој беше учесник и на ЕУРО 2020 во дресот на нашата најдобра фудбалска репрезентација, веќе четири години е член на Ружомберок, се разбира одличните настапи во тимот, но и играњето во репрезентацијата доведоа до тоа да биде посакуван и од Слован Братислава. Значи тој нема да ја менува земјата, Словачка, туку само клубот.

Инаку Костадинов (26 години) досега има играно и за екипите на Тетекс, Моравац, Бањска Бистрица, Злате Моравце.

Претходно„Лавовите“ во Банско поразени од Беласица Петрич!
СледноСите играчи во Серија А и Пандев, Нестор, Елмас, Николов… мора да бидат вакцинирани!