„Лавовите“ во Банско поразени од Беласица Петрич!

260

Фудбалерите на Македонија ЃП попладнево во Банско, каде што и се на подготовки, во пријателски меч се поразени од бугарскиот тим Беласица Петрич, и тоа со 0:1. Победничкиот тим голот за триумф го постигна во самиот финиш на мечот и тоа во 80.минута.

Инаку ова беше втор пораз за составот на тренерот Александар Таневски во третата контрола во Банско. По ремито со Ингулец, “лавовите“ се поразени од ЦСКА 1948 и Беласица Петрич. Во четврток тие го играат последниот меч во Банско, и тоа против Академија Пандев.

ПретходноЛук Шо ја играл цела елиминациона фаза на ЕУРО со пукнати ребра
СледноКостадинов пред трансфер во Слован Братислава!