Денешен Л‘Екип пишува дека тимот на Барселона по секоја цена сака да се ослобиди од Антони Гризман. Не толку поради неговиот учинок туку поради неговата огромна плата од 25 милиони евра по сезона.
Текстот се осврнува на информацијата дека Барселона е во интензивна конверзација со тимот на Јувентус кому му предлага размена на играчи. Гризман да замине во Торино, а за возврат во Барселона да замине Пауло Дибала.
За иунформација, Дибала има договор со Јувентус на уште само една година и Јуве секако дека ќе сака нешто да заработи на неговото евентуално заминување.