По цели пет години минати под договор со тимот на Ливерпул, за кој Марко Грујиќ oдигра само 16 официјални мечеви, србинот од денеска повеќе не е дел од овој клуб.
Продаден е во Порто, за 12 милиони евра, клубот каде што ја мина изминатата сезона како позајмен фудбалер.
Грујиќ никогаш не ги исполни очекувањата на управата на Ливерпул која своевремено го купи од Црвена Звезда и го испрати на неколку позајмици. Секој преоден рок, Грујиќ заминуваше некаде, а сега замина за стално.
Ливерпул ќе има некаков процент и од следниот трансфер на Грујиќ.