Милан планира уште пет нови играчи

651

Милан планира да ангажира уште пет нови играчи, пишува „Кориере дело Спорт“, а главен акцент ќе биде ставен на замена за Хакан Чалханоглу кој замина во Интер.

Така прв пик на „росонерите“ е Никола Влашиќ, и Милан во моментов работи на негов ангажман од ЦСКА Москва.

„Црвено-црните“ планираат да дадат пет милиони евра за позајмица, а потоа откуп, а Русите бараат 30 милиони. Милан нуди нешто помалку.

Освен тоа Милан бара играч од средниот ред, потоа десен бек и десно крило.

ФОТО: АЦ Милан

ПретходноЕкс играч на Барса: Роналдо лично ми се јави и ми рече да одам со него во Јувентус
СледноЛШ квалификации: Адеми и Ристовски се поблиску до 3. коло