Британскиот боксер, актуелниот светски првак тешка категорија во четирите верзии, ВБА,ИБФ, ВБО и ИБО, Ентони Џошуа набргу ќе влета на рингот и тоа на 25 септември.
Имено за овој датум е закажан бокс мечот меѓу Џошуа и Украинецот Олександер Ушик, а истиот ќе се одржи на стадионот на Тотенхем во Лондон.
Се разбира дека ова ќе биде вистински спектакл за сите љубители на боксот.
“Време е да ја бранам својата круна“ посочи Џошуа откако и официјално се знае дека овој меч е договорен.
Интересно е тоа што и Џошуа и Ушик на ОИ во Лондон во 2012 година, беа освојувачи на златните медали. Британецот во супертешка категорија а Украинецот во тешка.
ФОТО: anthonyjoshua Twitter