Поранешниот португалски репрезентативец Бруно Алвеш на 39 години потпиша договор со Фамиликао, после три сезони минати во Италија.
Сепак, некогашниот играч на Ренџерс, Каљари, Фенербахче, Зенит и Порто само 20 дена подоцна го раскина договорот.
Медиумите во Португалија пишуваат дека влегол во конфликт со тренерот Иво Виеира, па поради тоа не сака следната сезона да го носи дресот во кој своевремено играл и неговиот татко.