ПСЖ со понуда за Роналдо, се подготвува размена на играчи!

956

Кристијано Роналдо и натаму ги полни батериите пред почетокот на новата сезона, во која засега не е познато дали ќе остане во Јувентус или пак ќе замине од клубот. Пред една недела се чинеше дека нема намера да го напушти Торино, но вчера со една објава одново ги „разгоре“ шпекулациите.

Роналдо на социјалните мрежи напиша – Ден за одлука. Според многумина оваа објава значи дека ќе ја промени средината. Тој со „Старата дама“ има договор на уште една година. Јувентус нема ништо против да го продаде ова лето, но секако ако дојде вистинска понуда. Челниците на клубот се свесни дека следната сезона ќе замине како слободен играч.

„L’Equipe“ вчера објави дека Роналдо може да стане член на ПСЖ, кој пак подготвува интересна понуда. Францускиот тим размислува за размена на играчи, за Роналдо ќе го даде Икарди, кој неодамна дојде од Интер.

Секако во истата понуда ќе стои и одредена сума на пари, Јувентус нема да подаде рака само со размена на играчи.

ПретходноМатеа Николиќ ќе настапува во НЦАА, за тимот на Универзитетот Канзас
СледноНов случај на коронавирус на ОИ во Токио