Алаба промовиран во Реал Мадрид, ќе го носи бројот на Рамос

141

Австрискиот фудбалер Давид Алаба, е промовиран во нов член на Реал Мадрид. Овој 29-годишен стопер и левокрилен фудбалер потпиша договор со „кралевите“ откако ги мина лекарските прегледи.

Алаба во Мадрид ќе остане во следните пет години, и ќе има годишна плата од 12 милиони евра.

Новиот член на Реал Мадрид го одбра бројот 4, кој досега го носеше Серхио Рамос, кој се пресели во ПСЖ.

ПретходноПрв пораз на Андоновски- женската селекција на САД загуби на отворањето на ОИ!
СледноЈакобсен огорчен: Ваквите Игри се на штета на спортистите, одржувањето нема никаква логика!