Жозе Мурињо, тренерот на Рома, најави дека шпанскиот интернационалец Педро Родригез си заминува од клубот.
Педро е единствениот играч кој што ги има освоено сите европски и светски титули како на клупски, така и на репрезентативен план, но за него нема место во „новата Рома“.
Засега нема информации каде ќе продолжи Педро, а се шпекулира враќање во Шпанија. Тој има уште две години договор со „волчицата“.
Педро во минатото играше за Барселона и за Челзи.