По елиминацијата од словенечка Мура во првото квалификациско коло во Лигата на шампиони, Шкендија продолжува во УЕФА Конференциската лига. Противник на фудбалерите на македонскиот првак во второто квалификациско коло ќе биде Рига.
Фудбалерите на Шкендија утринава отпатуваа за главниот летонски град, каде утре со почеток во 19 часот ќе ги одмерат силите.