Јанис направи шоу: Немој да си љубоморен (ВИДЕО)

359

После 50 годни Милвоки успеа да дојде до титулата во НБА-лига, благодарение на новата неверојатна партија на Јанис Адетокумбо. Грчкиот ѕвер постигна 50 поени и ги обедини двете МВП признанија.

На прес-конференцијата по завршување на финалето, кое Бакси го добија со 4-2 по пресврт, Јанис беше расположен, направи шоу. Се појави со двата пехари. Додека еден од новинарите му поставуваше прашања, тој го бакна НБА трофејот, а потоа се сврте кон МВП признанието, го погали и му порача:

„Немој да си љубоморен, ќе се дружиме долго време“.

ПретходноГрчкиот ѕвер како Џордан и Хаким (ВИДЕО)
СледноСпектакл: Легендите на Барселона и Реал направија шоу (ВИДЕО)