Репрезентативецот Марјан Радески ќе стане нов член на Шкупи. Офанзивецот доаѓа од Академија Пандев каде настапуваше во изминатата година, а претходно беше дел од Шкендија и од Металург.
Радески е повремен репрезентативец на нашата земја, а беше во ростерот на Македонија за ЕУРО 2020.
Настапува на левата крилна позиција, и со него Шкупи прави силен тим, конкурентен за титулата во Првата лига за следната сезона.