Експедицијата на Санта Клара попладнево пристигна во Скопје. По кусиот одмор играчите и стручниот штаб се упатија кон Арената “Тодор Проески“ каде што го одработија и официјалниот тренинг во пресрет на утрешниот дуел против Шкупи. Да потсетиме, мечот започнува во 20 часот, а тој е првиот од двата во 2.квалификациско коло во Конференциската лига.
Инаку гостите од Португалија се уверени дека имаат шанса да дојдат до победа на гостински терен.
“Ние сме подготвени, веруваме во победа, иако станува збор за наш прв натпревар во новата сезона“посочи покрај другото стратегот на португалскиот тим, Даниел Рамос.
ФОТО: FC Santa Clara