Грчкиот ѕвер како Џордан и Хаким (ВИДЕО)

302

Милвоки ја освои шампионската титула во НБА-лига, откако го совлада Феникс со 4-2 во финалната серија. До тронот, Бакси беа предводени од Јанис Адетокумбо кој постигна 50 поени и сосема заслужено беше прогласен за МВП.

Тој постана единствениот кошаркар во историјата на НБА-лигата кој постигнал 50 поени во мечот кој бил одлучувачки за титулата после 1958 година.

Во финалето постигнуваше просечни 35,2 поени, 13,2 скока и пет асистенции по натпревар, покрај ова имаше реализација од 62%.

После МВП титулата во регуларниот дел, тој го доби и признанието за најкорисен кошаркар во финалето. На сето ова еднаш беше прогласен за најдобар дефанзивец на лигата со што влезе во посебно друштво.

Единствени двајца кошаркари кои до сега им успеало да ја обединат МВП титулата пред грчкиот ѕвер се Хаким Олјаџувон и Мајкл Џордан.

 

ПретходноАдетокумбо го „згази“ Феникс со 50 поени: Бакси ја освоија титулата после 50 години (ВИДЕО)
СледноЈанис направи шоу: Немој да си љубоморен (ВИДЕО)