Тимот на Борусија Дортмунд стапил во директен контакт со агентот Мино Раиола во обид да го доведе во своите редови напаѓачот на ПСВ Ајндховен Дониел Мален.
Тој е една од трансфер целите на многу екипи ширум Европа, но со оглед на фактот што Борусија го продаде Санчо во Манчестер Јунајтед има простор во тимот, а секако и пари во моментов за да си го дозволи Мален.
Ливерпул и Милан исто така се заинтересирани екипи за напаѓачот на Холандија.