Костов ги скина лигаментите

964

Голем пех за тимот на Тиквеш, и за стоперот Стефан Костов. Дефанзивецот на последниот меч против Ренова, потешко се повреди, односно страдаат предните вкрстени лигаменти на коленото.

Се знае што значи ова секако, операција, рехабилитација, и главно подолга пауза за опоравување.

Со ова во Тиквеш сега се отвора голем проблем затоа што Костов беше во плановите на тренерот Пане Блажевски за претстојната сезона како столб на одбраната.

Сега Кавадарчани ќе мора да  бараат алтернатива на пазарот.

 

Претходно„Бомба“ во Шкупи – доаѓа Марјан Радески!!!
СледноАлаба: Ми требаше нов предизвик, дојдов во најголемиот клуб на светот