Попладнаво во Охрид во пријателски меч екипата на Работнички со 1:0 успеа да ја победи Ренова. Стрелец на победничкиот гол беше Марио Станковски во 49.минута и тоа пенал. Треба веднаш да се каже дека во 29.минута Димитар Тодоровски од Работнички доби втор жолт картон, но во договор со “гипсарите“ тимот на Работнички во игра внесе нов играч, се со цел да не се “расипе“ овој пријателски или контролен меч.
Според извештаите од Охрид и двете екипи одиграле сосема солидно за оваа фаза од летните подготовки, имало шанси и на едната и на другата страна, но сепак “романтичарите“ на крајот славеле со 1:0.