Женската ракометна репрезентација на Норвешка во ракомет на песок, е казнета со 1500 евра од страна на ЕХФ затоа што одбила да носи бикини, а носела поинаков вид на опрема односно шорцеви.
Во тек е Европскиот шампионат во ракомет на плажа, а казната за норвежанките следува по мечот со Шпанија.
Самитре репрезентативки одбиле да ја променат опремата, велејќи дека вака се чувствуваат покомотно, а нивната федерација ги поддржа во одлуката и објави дека ќе ја плати казната.