Повредата на „Лавот“ Адеми не е премногу сериозна!

188

Попладнево дојде добра вест од Загреб за Аријан Адеми. Имено и покрај стравувањата дека го „загубивме“ за септемвриските квалификации за СП во Катар 2022, сепак повредата на еден од нашите најдобри фудбалери и не била така премногу сериозна. Барем така велат од неговиот клуб Динамо Загреб.

Да потсетиме дека на вчерашниот меч со Омонија во квалификациите во Лигата на Шампионите, тој мораше предвреме да го напушти теренот.

Покрај другото во соопштението на “модрите“ стои дека деталните прегледи покажале дека има мало оштетување на мускулот на десната нога. Адеми веќе почнал со рехабилитација и физикална терапија, и дека тој се чуствува подобро. Се очекува капитенот на Динамо набргу и да се врати во тимот.

Секако дека ова е добра вест и за нашиот селектор Благоја Милевски.

ПретходноВеруваат во победа над Шкупи: Португалците тренираа на Арената!
Следно“Пиратите“ со пресврт до победа против Тетекс!