Првите проценки за повредата на Адеми не се добри

430

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми не го доигра дуелот со Омонија, тој мораше да го напушти мечот во првото полувреме поради повреда на бутниот мускул.

Динамо Загреб ја доби првата средба со 2-0, но сега стравува за Адеми. По завршување на мечот, тренерот Дамир Крзнар изјави дека првите проценки не се најдобри, но вистинската слика за повредата на македонскиот фудбалер ќе биде позната по деталните лекарски прегледи.

„За разлика од Лука Иванушец кој иако доби удар во гради и остана без воздух е добро, кај Адеми тој удар е доста болен. Настрада бутниот мускул, можеби и задната ложа. Не сакам ништо да прогнозирам, но се надевам дека сѐ ќе биде во ред“, изјави предводникот на „модрите“.

ПретходноСпектакл: Легендите на Барселона и Реал направија шоу (ВИДЕО)
СледноПерез и него го озборуваше, Луис Фиго се огласи по аудио-снимките