После година и пол на кормилото на женската репрезентација на САД, Влатко Андоновски – Шате, загуби натпревар со неговата селекција.
САД доживеа непријатен пораз од Шведска на отворањето на Олимписки игри со 3:0.
Интересно е што Шате во досегашните 23 натпревари на клупата на САД, има само едно реми, и тоа токму против Шведска во пријателски меч.
САД на ОИ ќе игра уште против Австралија и Нов Зеланд, што не би требало да биде проблематично за селекцијата да обезбеди пласман во следната фаза.