Тетовци тренираа во Рига во пресрет на утрешниот меч!

231

Веднаш по пресот, фудбалерите на Шкендија вечерва го одработија и официјалниот тренинг во пресрет на утрешниот меч со Рига во квалификациите во Конференциската лига. Се тренираше на стадионот на Сконто во Рига.

Факт е дека Шкендија ќе биде ослабена утре, и тоа со неиграњето на Бруно Дита и Леард Садриу пораци повреда, а Јан Кривак поради суспензија откако заработи црвен картон на средбата со Мура на гостувањето во Мурска Собота.

Сепак Шкендија има доволно квалитетен состав за да дојде утре вечер во Рига до добар резултат.

ПретходноЃока: Шкендија мора да биде внимателна!
СледноУдар за ОИ во Токио: Една држава ја повлече цела експедиција!