Македонија за кошаркари „Под 20“, денеска во Шопрон, во вториот меч од ФИБА „Челинџер“ турнирот во трилер меч ја победи Романија со 79:78.(18-13, 19-18,17-18,13-18,12-11) и тоа во продолжение од средбата и тоа со три поени на Лука Савичевиќ на четири секунди до крајот. Откако во регуларниот дел резултатот беше 67-67. Инаку ова беше втор меч за момците на селекторот Тони Симиќ, имено вчера нашите надежи ја победија селекцијата на Луксембург.
Треба веднаш да се каже дека нашите момци имаа водство од 19 поени, но во самиот финиш го “прокоцкавме“, Романија успеа да го стигне резултатот и мечот да отиде во продолженија. А таму со поените на Лука Савичеиќ успеавме сепак да победиме. Во нашиот тим најефикасен беше Исајловски со 15 поени.
На надежите им останува во групата Д да одиграат и против селекцијата на Швајцарија.