Јакобсен огорчен: Ваквите Игри се на штета на спортистите, одржувањето нема никаква логика!

459

Нешто слично сценарио како на СП во Египет е на Олимписките игри во Токио. Данците се разочарани од она што го дочека во Јапонија. Селекторот на оваа ракометна репрезентација, Николај Јакобсен порача дека не ја гледа логиката на одржување на Игрите по вакви услови.

До заминувањето во олимпиското село, Данците се сместени во луксузен хотел, но тоа ништо не значи кога не можат да ги напуштат собите.

„Не гледам никаква логика во одржување на игрите под вакви услови, едноставно не разбирам. Имам впечаток дека ова се одржува за доброто на луѓето кои не се поврзани со спортот, а сето ова оди на штета тому на спортистте порад кои Олимписките игри треба да постојат“.

Данската федерација успеала да се избори за да ракометарите го користат базенот, но само час и пол во денот.

„Да знаевме дека вака ќе биде, веднаш ќе си заминевме во кампот, каде барем знаеме дека движењето е ограничено“.

Данска првиот меч го игра на 24. јули против Јапнија, во истата група се Шведска, Египет Португалија и Бахраин.

ПретходноАлаба промовиран во Реал Мадрид, ќе го носи бројот на Рамос
СледноСимиќ: Романците се силни, резултатот на смее да не залажува