За првпат после 1971 година Милкови ја освои шампионската титула во НБА-лига. До тронот Бакси ги водеше неверојатниот Јанис Адетокумбо. Грчкиот ѕвер беше незапирлив, постигна 50 поени и додаде уште 14 скока за големо славје во редовите на неговиот тим.
Милкови направи целосен пресврт, губеше на стартот со 2-0, а потоа ги доби следните четири меча. На последната средба, Бакси славеа со 105-98.
На оваа средба видовме вистинска драма, домаќинот поведе со 13 разлика, а потоа Феникс во втората четвртина успеа да дојде до 18 поени предност. Сепак на крајот Милвоки успеа да ја стопи позитивата на противникот и да дојде до четвртата победа и тоа благодарение на Адетокумбо, Мидлтон и Холидеј.
Покрај грчкиот кошаркар, во редовите на новиот НБА првак добра партија пружи и Мидлтон, запиша 17 поени, еден помалку имаше Портис, Холидеј на 12 поени и 11 асистенции. На другата страна Крис Пол имаше 26 поени.
ФОТО: НБА